Елена Ристеска периодов е посветена на својата кариера, чекорејќи напред и извлекувајќи поука од секое животно искуство.
Во интервју за неделникот Теа Модерна таа проговори за пропаднатиот брак.
На прашањето каква поука извлекла од бракот зад себе, Елена вели:
-Поука носат сите искуства во животот, не само со партнер туку и во пријателствата. Односот кон другите произлегува од душата што ја носите во себе. Ако сте подли, мислите сите луѓе се такви, ако сте добри, мислите и другите се како вас.Животот е како патување со воз, некој ви е вечен сопатник од почеток до крај, некој е со вас до некоја попатна станица, некој повторно се враќа на истиот воз во друг временски интервал, а некој пак никогаш не се враќа. Всушност некој никогаш не успева да се качи на истиот воз со вас. Како е судено – така. Можете и целиот свет да го превртите за да сторите се во полза на подобар однос и живот со некого, но не вреди, доколку тој некој ја нема истата енергија за живот како вас. Некој е создаден да конструира, а некој е деструктивен и урива се што друг создава. Секој со својата среќа и карма и по својот пат- изјави пејачката за Теа Модерна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.