Додека, од една страна, СДСМ тврди дека нема договор за претседател на Собранието, од друга, ДУИ тврди дека претседател на Собранието првпат во плурална Македонија ќе биде Албанец од ДУИ, лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, во интервју за струшка телевизија изјави дека тој ја одбил понудата на СДСМ да биде претседател на парламентот, пишува „Дневник“.
– Од партијата, но и од СДСМ, добив понуда да бидам претседател на Собранието, но одбив – вели Села.
Тој додаде дека ќе биде дел од владата на Заев доколку Ахмети и Kасами прифатат да учествуваат во владата.
Зијадин Села беше топ-тема во последните неколку денови со своите антимакедонски изјави во кои тврдеше дека Македонците немаат свој идентитет и дека тој не ги почитува македонското знаме и македонската химна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.