| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина загинаа во снежното невреме во Канада

Поради верижните судири, неколку автопати беа затворени и повеќе од 300 возила беа блокирани речиси 12 часа во близина на аеродромот во Монтреал.

Шестмина загинаа во снежното невреме во источна Канада. Во Монтреал е измерена снежна покривка од 45 сантиметри, а во јужен Квебек дури и до 70. Бурата е проследена со ветар од 140 км/ч.

Поради верижните судири, неколку автопати беа затворени и повеќе од 300 возила беа блокирани речиси 12 часа во близина на аеродромот во Монтреал.

Илјадници летови се откажани, а училиштата затворени. Без електрична енергија останале 70.000 домаќинства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top