| четврток, 6 декември 2018 |

Румениге е искрен: Само една екипа е пред Баерн Минхен

rumenige

Баерн Минхен секоја година аспирира да се подобрат успесите од минатото и да се освојат сите важни трофеи, а ако се земе во предвид константноста и начинот на работа само во последните 10-тина години, тогаш нема никакви дилеми дека германскиот шампион работи на ниво како што тоа го прават Реал Мадрид и Барселона.

Токму овие два шпански гиганти секоја година се главниот предизвик за Баерн Минхен во Лигата на шампионите, но во своето последно обраќање кое го имаше извршниот претседател на клубот, Карл Хајнц Румениге, Баерн во овој момент само еден клуб го дели од приматот најдобар во светот.

Првиот човек на баварците смета дека Баерн во овој момент е подобар клуб од Барселона, додавајќи дека само Реал Мадрид има поголема репутација од неговиот колектив.

– Според последните бројки од ранкингот на УЕФА, Баерн е втор најдобар клуб во светот. Пред нас е само еден клуб, Реал Мадрид. Ова е местото кое го зазема Баерн во светскиот фудбал, мило ми е што веќе сме дел од елитата, но нашата аспирација е првото место. Сепак ако бидеме реални, мислам дека реал Мадрид како бренд уште е далеку пред нас – искрено истакнал Румениге.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top