| четврток, 6 декември 2018 |

Бошко Грујоски, директор на Кинотека: Огро­мен е ин­те­ре­сот за фил­мот и за филм­ска­та умет­ност кај мла­ди­те

Оваа го­ди­на се на­де­ва­ме де­ка ќе ја ре­а­ли­зи­ра­ме иде­ја­та за му­зеј­ска­та по­ста­вка и де­ка тоа ќе би­де на­ши­от нај­го­лем по­да­рок за ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка и при­до­нес за ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, ве­ли ди­ре­кто­рот на Ки­но­те­ка, Гру­јо­ски

Оми­ле­но­то кат­че на фил­ма­џи­и­те, Ки­но­те­ка­та на Ма­ке­до­ни­ја со го­ди­ни пре­ку филм­ски ре­вии, го­сти, ре­трос­пе­кти­ви, ста­ну­ва зна­ча­ен сег­мент од кул­тур­но­то жи­ве­е­ње. Оваа го­ди­на во април ќе го прос­ла­ви 41. ро­ден­ден. Бо­шко Гру­јо­ски, ди­ре­кто­рот на Ки­но­те­ка на Ма­ке­до­ни­ја об­јас­ну­ва де­ка ин­сти­ту­ци­ја­та со­ра­бо­ту­ва со ос­но­ви­те и со сред­ни учи­ли­шта и е дел од учи­лиш­ни­те про­гра­ми.

– Ин­те­ре­сот за фил­мот и за филм­ска­та умет­ност кај мла­ди­те е огро­мен, ду­ри и за исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја и за по­но­ва­та ма­ке­дон­ска про­дук­ци­ја. Што се од­не­су­ва до по­во­зрас­на­та и по­ши­ро­ка­та пуб­ли­ка, сме­там де­ка сме мно­гу при­сут­ни во кул­тур­но­то жи­ве­е­ње и де­ка сме на ма­па­та на кул­тур­на­та по­ну­да во гра­дов. Тоа го за­бе­ле­жу­ва­ме и зак­лу­чу­ва­ме по бро­јот и ин­те­ре­сот на пуб­ли­ка­та. Оваа го­ди­на се на­де­ва­ме де­ка ќе ја ре­а­ли­зи­ра­ме иде­ја­та за му­зеј­ска­та по­ста­вка и де­ка тоа ќе би­де на­ши­от нај­го­лем по­да­рок за ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка и при­до­нес за ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја – ве­ли Гру­јо­ски.

IMG_6650 (Custom)
Ка­де ја гле­да­те уло­га­та на Ки­но­те­ка на Ма­ке­до­ни­ја де­нес во ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја?

ГРУЈОСКИ: Ки­но­те­ка­та отсе­ко­гаш има­ла зна­чај­на уло­га во за­шти­та и за­чу­ву­ва­ње­то на на­ше­то на­ци­о­нал­но ау­ди­о­ви­зу­ел­но кул­тур­но нас­ледс­тво. Оваа ин­сти­ту­ци­ја, ко­ја е единс­тве­на од овој тип во на­ша­та зем­ја, не е са­мо чу­вар, ту­ку е и про­мо­тор и под­др­жу­вач на ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја. Ту­ка, во на­ши­те де­поа, ги при­би­ра­ме и чу­ва­ме си­те филм­ски нас­ло­ви сни­ме­ни во ма­ке­дон­ска про­дук­ци­ја и од ма­ке­дон­ски авто­ри, пред сѐ, на филм­ска лен­та, но во по­но­во вре­ме и на ди­ги­тал­ни но­са­чи на сли­ка. Спо­ред За­ко­нот за ау­ди­о­ви­зу­ел­но нас­ледс­тво, во Ки­но­те­ка­та мо­ра да се де­по­ни­ра за­дол­жи­те­лен при­ме­рок од си­те фил­мо­ви сни­ме­ни во ма­ке­дон­ска про­дук­ци­ја, исто ка­ко што во Уни­вер­зи­тет­ска­та биб­ли­о­те­ка на­ши­те из­да­ва­чи се долж­ни да де­по­ни­ра­ат при­ме­ро­ци од си­те ис­пе­ча­те­ни де­ла во на­ша­та др­жа­ва. Ед­но­став­но, Ки­но­те­ка­та е риз­ни­чар на ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја. Ки­но­те­ка­та бе­ше еден од ос­но­ва­чи­те на Фе­сти­ва­лот на филм­ска ка­ме­ра „Бра­ќа Ма­на­ки“ кон кра­јот на ‘70-ти­те го­ди­ни, а по­тоа со го­ди­ни актив­но ра­бо­ти на про­мо­ви­ра­ње­то на до­маш­на­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја во странс­тво – пре­ку зај­ме­ње и ис­пра­ќа­ње филм­ски ко­пии и кон­ци­пи­ра­ње филм­ски про­гра­ми од ма­ке­дон­ска про­дук­ци­ја во све­тот. Се­ка­ко, ту­ка е и ки­но­теч­на­та ба­за на по­да­то­ци за ма­ке­дон­ски­те фил­мо­ви и авто­ри, ко­ја со го­ди­ни се на­до­пол­ну­ва и над­гра­ду­ва, до­стап­на е за јав­но­ста, за на­уч­ни истра­жу­ва­ња и еду­ка­тив­ни це­ли, а со цел да се со­чу­ва исто­ри­ја­та на фил­мот во на­ше­то под­неб­је.

Кол­ку филм­ски нас­ло­ви чу­ва Ки­но­те­ка­та на Ма­ке­до­ни­ја во сво­јот тре­зор?

ГРУЈОСКИ: Ки­но­те­ка­та спа­ѓа во „сред­ни­те“ по обем ар­хи­ви во Евро­па, но за нас е бит­но, пред сè, да го има­ме се­то тоа што се вбро­ју­ва во ма­ке­дон­ска ки­не­ма­то­гра­фи­ја. От­та­му при­би­ра­ме и чу­ва­ме фил­мо­ви и сним­ки, глав­но ама­тер­ски, на­пра­ве­ни пред вре­ме­то на ор­га­ни­зи­ра­на­та про­дук­ци­ја кај нас – од­нос­но од по­че­то­кот на 20 век и фил­мо­ви­те на бра­ќа­та Ма­на­ки, па сѐ до го­ди­ни­те по Вто­ра­та свет­ска вој­на, ка­ко и се­то тоа што се сме­та за раз­ви­е­на про­дук­ци­ја – од пр­ви­те филм­ски ре­пор­та­жи и до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви, и пр­ви­от игран филм „Фро­си­на“, па сѐ до де­нес, до фил­мо­ви­те сни­ме­ни ми­на­та и оваа го­ди­на. Во сво­и­те де­поа има­ме по­ве­ќе од 15.000 филм­ски ко­пии, вклу­чу­вај­ќи и фил­мо­ви од стран­ска про­дук­ци­ја, но и по­ве­ќе од 75.000 пар­чи­ња про­па­ган­ден ма­те­ри­јал, фо­то­гра­фии и пла­ка­ти, по­ве­ќе од 100.000 еди­ни­ци пи­шу­ва­на до­ку­мен­та­ци­ја (сце­на­ри­ја, кни­ги на сни­ма­ње, сце­но­граф­ски и ко­сти­мо­граф­ски ски­ци, до­го­во­ри, пис­ма, пре­пи­ски итн.). На­ша­та биб­ли­о­те­ка се со­стои од ре­чи­си 5.000 нас­ло­ви на кни­ги за исто­ри­ја­та и за те­о­ри­ја­та на фил­мот, и по­ве­ќе од 8.000 еди­ни­ци пер­и­о­ди­ка по­вр­за­ни со филм­ска­та умет­ност. Ова се са­мо број­ки, кол­ку да до­би­е­те одре­де­на прет­ста­ва, но тре­ба да се има на ум де­ка ние сме, пред сѐ, ар­хив – зна­чи си­те овие фил­мо­ви и до­ку­мен­ти ги чу­ва­ме во по­себ­ни ус­ло­ви, спо­ред свет­ски­те стан­дар­ди за ра­бо­та во ар­хи­ви, ги ка­та­ло­ги­зи­ра­ме и ги ар­хи­ви­ра­ме спо­ред ме­ѓу­на­род­но усво­е­ни нор­ми.

IMG_6710 (Custom)

Ди­ги­та­ли­за­ци­ја­та е еден од при­о­ри­те­ти­те во про­гра­ма­та на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра. Ка­ко те­че про­це­сот на ди­ги­та­ли­за­ци­ја? Чии де­ла до­се­га се за­вр­ше­ни и што е но­во?

ГРУЈОСКИ: Да, ди­ги­та­ли­за­ци­ја­та е при­о­ри­тет во про­гра­ма­та на Ми­ни­стерс­тво­то, но и при­о­ри­тет ко­га тре­ба да се про­мо­ви­ра на­ше­то нас­ледс­тво и да се на­пра­ви до­стап­но до јав­но­ста. Од 2011 го­ди­на, па до де­нес, бла­го­да­ре­ние на Ми­ни­стерс­тво­то и на Вла­да­та на РМ ди­ги­тал­но ги ре­ста­ври­рав­ме и ги ди­ги­та­ли­зрав­ме фил­мо­ви­те на бра­ќа­та Ма­на­ки, „Ма­ке­до­ни­ја во сли­ки“ на Ар­се­ниј Јо­вков, игра­ни­те „Цр­ве­ни­от коњ“, „Среќ­на Но­ва ‘49“, „Те­то­ви­ра­ње“ и „Џип­си ме­џик“ на Сто­ле По­пов, по­тоа „Пла­ни­на­та на гне­вот“, „Ре­пуб­ли­ка­та во пла­мен“, „Це­на­та на гра­дот“ и „Под исто не­бо“ на Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски, „Хај-фај“ на Вла­ди­мир Бла­жев­ски, „Жед“ на Ди­ми­трие Ос­ман­ли и „Та­тко“ („Кол­на­ти сме, Ири­на“) на Ко­ле Ан­ге­лов­ски, ка­ко и че­ти­ри­те игра­ни фил­мо­ви на Мил­чо Ман­чев­ски. Во мо­мен­тов, во За­греб, во ла­бо­ра­то­ри­ја­та на „Ви­зи­је“, се да­де­ни на ди­ги­тал­на ре­ста­вра­ци­ја игра­ни­те фил­мо­ви на Бран­ко Га­по – „Де­но­ви на иску­ше­ние“, „Истрел“, „Ма­ке­дон­ска са­га“, „Вре­ме, во­ди“, „Вре­ме без вој­на“ и „Нај­дол­ги­от пат“, а в го­ди­на ќе ра­бо­ти­ме на фил­мо­ви­те на Ки­рил Це­нев­ски. Се­ко­ја го­ди­на се ра­бо­ти на овој про­ект, но са­ми­от про­цес не е тол­ку ед­но­ста­вен. Пр­во се под­го­тву­ва­ат кон­зер­ва­тор­ски ела­бо­ра­ти во кои се образ­ло­жу­ва не­оп­ход­но­ста од за­шти­та и ди­ги­та­ли­за­ци­ја на филм­ско­то де­ло, па врз ос­но­ва на тоа Ми­ни­стерс­тво­то обез­бе­ду­ва средс­тва, па по­тоа об­ја­ву­ва­ме ме­ѓу­на­ро­ден тен­дер за из­бор на ла­бо­ра­то­ри­ја што ќе ја вр­ши ди­ги­та­ли­за­ци­ја­та, па ги ис­пра­ќа­ме ма­те­ри­ја­ли­те, го сле­ди­ме про­це­сот во си­те не­го­ви фа­зи, па на крај до­би­ва­ме филм во ди­ги­тал­на фор­ма и не­кол­ку вер­зии за при­ка­жу­ва­ње – те­ле­ви­зи­ско, ки­но­при­ка­жу­ва­ње итн. Нај­на­крај, до­кол­ку оста­ну­ва­ат средс­тва, пе­ча­ти­ме и ДВД со ди­ги­та­ли­зи­ра­ни­те вер­зии, и тоа е тоа што пуб­ли­ка­та го оче­ку­ва. Но, ќе по­вто­рам, про­це­сот на ди­ги­та­ли­за­ци­ја, во рам­ки­те на овој про­ект и во рам­ки­те на да­де­ни­те ус­ло­ви – ад­ми­ни­стра­тив­ни, фи­нан­си­ски и ор­га­ни­за­ци­ски – те­че мал­ку по­дол­го откол­ку што изг­ле­да од да­ле­ку, или од стра­на. Се­пак, ние сме пре­за­до­вол­ни од ре­зул­та­ти­те и од под­др­шка­та на Вла­да­та на РМ.

Бе­ше нај­а­ве­но и ре­но­ви­ра­ње и адап­ти­ра­ње на це­ли­от про­стор на Ки­но­те­ка­та. Што оп­фа­ќа про­е­ктот?

ГРУЈОСКИ: Про­е­ктот, пред сѐ, се од­не­су­ва на ре­кон­ци­пи­ра­ње­то и про­ши­ру­ва­ње­то на му­зеј­ска­та по­ста­вка, на тоа што е из­ло­же­но во фо­а­је­то на Ки­но­те­ка­та. Про­сто­рот ќе се адап­ти­ра спо­ред со­вре­ме­ни­те стан­дар­ди за из­ло­жу­ва­ње, чу­ва­ње и при­ка­жу­ва­ње на му­зеј­ска по­ста­вка, ќе би­дат по­ста­ве­ни но­ви ви­три­ни, освет­лу­ва­ње и алар­мен си­стем, со што ќе се отво­ри по­ве­ќе про­стор за про­ши­ру­ва­ње и збо­га­ту­ва­ње на по­ста­вка­та. Пре­ку по­го­лем број ар­те­фа­кти, апа­ра­ти за сни­ма­ње, фо­то­гра­фии, ре­кви­зи­ти, ски­ци, ко­сти­ми, до­ку­мен­ти – си­те од збир­ка­та на Ки­но­те­ка­та, ќе би­де прет­ста­ве­на исто­ри­ја­та и раз­во­јот на филм­ска­та умет­ност во свет­ски рам­ки, но и исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја. Га­ле­ри­ски­от про­стор, во кој, исто та­ка, ор­га­ни­зи­ра­ме из­лож­би и на­ста­ни по­вр­за­ни со фил­мот и со фо­то­гра­фи­ја­та, ќе до­бие но­во освет­лу­ва­ње и по­ква­ли­тет­ни и поф­ле­кси­бил­ни ре­ше­ни­ја за из­ло­жу­ва­ње, до­де­ка ед­на од про­сто­ри­и­те што до­се­га ги ко­ри­стев­ме за ма­га­цин­ски по­тре­би, ќе би­де адап­ти­ра­на за ра­бо­тил­ни­ца и за џеб­но ки­но. Про­сто­рот до ки­но­теч­на­та ки­но­са­ла ќе до­бие и ка­фе­те­ри­ја, во ко­ја ќе мо­жат да се со­бе­рат по­го­лем број ли­ца, што се­ко­гаш ни се ја­ву­ва ка­ко проб­лем и по­тре­ба ко­га ор­га­ни­зи­ра­ме по­по­се­те­ни на­ста­ни. По­се­ти­те­ли­те на филм­ска­та про­гра­ма ќе има­ат про­стор ка­де што ќе мо­жат да сед­нат, да си по­при­ка­жат за фил­мот што го гле­да­ле, да се дру­жат.

Пла­ни­ра­на е и му­зеј­ска по­ста­вка на „Вар­дар филм“. Што ќе со­др­жи таа?

IMG_6698 (Custom)

ГРУЈОСКИ: Всуш­ност, це­ла­та оваа иде­ја за ре­кон­ци­пи­ра­ње на му­зеј­ска­та по­ста­вка поч­на да се раз­ви­ва по по­ста­ву­ва­ње­то на пра­ша­ње­то за му­зеј­ска по­ста­вка на и за „Вар­дар филм“. Ако пра­ви­те из­лож­ба за „Вар­дар филм“, то­гаш тоа е исто­вре­ме­но и из­лож­ба за по­ло­ви­на од исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја. Оваа про­ду­цент­ска ку­ќа е од­го­вор­на за на­ше­то филм­ско про­из­водс­тво низ ре­чи­си по­ло­ви­на век. Од „Фро­си­на“, па сѐ до „Џип­си ме­џик“ и „Пре­ку езе­ро­то“, кои, чи­нам, се пос­лед­ни­те фил­мо­ви сни­ме­ни од оваа ку­ќа во својс­тво на про­ду­цент, ре­чи­си се­кој игран и, се­ка­ко, по­ве­ќе­то до­ку­мен­тар­ни и кра­тко­ме­траж­ни фил­мо­ви се од „Вар­дар филм“. За­тоа и из­лож­бе­на­та по­ста­вка што тре­ба­ше да ја под­го­тви­ме за оваа ку­ќа, ка­ко иде­ја пре­рас­на во ре­кон­ци­пи­ра­ње на из­лож­бе­ни­от про­стор со кој во­оп­што рас­по­ла­га­ме во Ки­но­те­ка­та.

Во рам­ки­те на оваа, по­го­ле­ма по­ста­вка што ја под­го­тву­ва­ме, ќе би­де по­све­тен дел, и тоа мно­гу обе­мен, за ра­бо­та­та на оваа про­ду­цент­ска ку­ќа би­деј­ќи има­ме мно­гу ма­те­ри­јал за неј­зи­но­то по­сто­е­ње.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Дејан Станчевски

(интервјуто е објавено на 10.3.2017 година во 236. број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top