Судејќи според дизајнерите, кои во своите колекции за пролет-лето 2017 година ставија акцент на боите, тие ќе ја одбележат новата сезона. Односно, со комбинирање на боите на најнеочекуван начин, што во модниот свет е познато како „колорблокинг“.
Овој тренд се однесува на специфичен начин на комбинирање на боите и веќе подолго време е актуелен, така што стана веќе прифатен тренд што го практикуваат некои од најпознатите модни дами како Викторија Бекам, Натали Портам, Амал Клуни.
Аналогни бои
Ако сакате својот стил да го направите интересен, тогаш ова е вистински време да испробате аналогни бои. Наш предлог е оваа пролет тоа да бидат нежнорозова и црвен боја (од темноцрвена до бордо) бидејќи оваа комбинација во новата сезона ќе биде една од најпопуларните.
Монохроматско облекување од глава до петици
Сакате бои, но не сте доволно храбри да носите комбинации што се составени од богати и интензивни нијанси? Тогаш може да експериментирате со придушени тонови. На пример, облечете фустан со силна боја и комбинирајте со неутрални додатоци или со додатоци со метален сјај. Металната боја посебно ќе го освежи вашиот изглед, а ќе го направи и модерен.
Неутрални и силни бои
Во вашиот плакар доминираат неутрални бои? И покрај тоа сепак, може да експериментирате со нив. Најдобар начин е да се држите до класичната палета, на која ќе додадете парче во некоја силна боја, како што е розова или црвена. Така може фармерки да комбинирате со маица и со палто со впечатлива боја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст