Али Ахмети во последното обраќање посочи дека е неопходен нов договор на најголемите политички сили за да се усогласат следните чекори. Дали е на повидок „Пржино 3“? На оваа тема во Отворено студио на ТВ НОВА зборуваше Љупчо Пренџов од ГРОМ.
-Излеговме во право како партија, кога зборувавме дека политичките партии не смејат да преговараат во разни странски амбасади и под покровителство на странци. И тогаш и сега велевме дека репрезентот на македонскиот народ се пратениците во Собранието на Република Македонија, каде покрај Македонци и Албанци има и Срби, Турци, Власи и Роми. Ние граѓаните на Република Македонија ги гласаме тие пратеници да спроведуваат определени политики, ги гледаме сите седници во јавност и јасно знаеме што е договорено. Жал ни е што сме биле во право. Сценариото било подготвувано одамна, а дел од политичките партии подлегнаа на истото, истакна Пренџов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст