Со голем целовечерен концерт македонскиот пејач Наум Петрески ќе го прослави јубилејот од 30 години успечна музичка кариера.
Концертот е закажан за 22 април во „Матрополис арена“ во Скопје, а на славеникот ќе му оддадат признание и многу пријатели од естрадата, пејачи, актери…
– Настанот нема да биде само обичен концерт, туку несекојдневно мега шоу, на кое освен промоцијата на новите хитовски рефрени од цд албумот на Петрески, „Грло Ненапеано“, ќе бидат отпеани и многу познати легендарни македонски мегахитови, а ќе има многу забава и интересни содржини – велат организаторите, продуцентската куќа „АВАРД Промотион“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.