Американскиот глумец Бен Афлек (44) заврши во институција за лекување од алкохолизам, а на социјалните мрежи објави дека главна причина за тоа е тоа што сака да стане „најдобар татко, колку што е тоа можно”.
– Сакам моите деца да знааат дека не е срамота да добиеш помош кога ти е потребна, и да бидат извор на сила за сите оние на кои им е потребна помош, а коишто се плашат да го преземат првиот чекор… Ова е првиот од многуте чекори кон моето опоравување, напиша Афлек на Фејсбук, притоа заблагодарувајќи и се на својата се уште законска сопруга Џенифер Гарнер.
Афлек и Гарнер, кои се во брак 12 години и заедно имаат три деца, во 2015 година најавија развод, но по се, изгледа на тоа поле дуваат се попозитивни ветришта.
– Го завршив третманот за одвикнување од зависноста од алкохол, нешто со коешто се борев во минатото и со кое ќе продолжам да се борам, пишува тој натаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст