| четврток, 6 декември 2018 |

Тие не размислуваат со своја глава – Гошев ги навреди уметниците кои ја поддржуваат „За Заедничка Македонија“

госев

Докажаните уметници кои ја сакаат Македонија и кои дадоа поддршка на иницијативата За Заедничка Македонија, според Петар Гошев не размислувале со своја глава.

Гошев во гостувањето на Телевизија 24 ги навреди докажаните уметници како Игор Дурловски, Елена Мисиркова, Васил Зафирчев, Калиопи, Ванчо Петрушевски и другите уметници кои дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тој вели дека тие не зборувале со својот ум, туку со торбата со зоб од која зобале на сметка на буџетот.

-Оние пејачи и глумци на протестите, не мислат со своја глава, туку мислат со зобникот од кој зобаат, а сега глумат дека ја бранат Македонија, изјави Гошев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top