Ако странските претставници доаѓаат со изјави дека нашата перспектива е во рамки на Европската унија, треба да реагираат и во однос на албанската платформа, смета универзитетскиот професор Ивица Јосифовиќ кој гостуваше во „Аргументи“ со Љубиша Николовски.
-Ниту еднаш кој било од странците не реагираше во поглед на објавувањето на албанската платформа, не реагираше никој од надворешните фактори. Ако барате искреност, тогаш тоа треба да излезе како изјава, барем ако веќе доаѓаат со површни изјави во коишто кажуваат дека „вие треба да ја решите оваа криза“ или дека „вашата перспектива е во рамки на Европската унија“, фер е и редно е да се кажат такви изјави- изјави Јосифовиќ.
Тој посочи и дека имаше изјава на косовска парламентарка којашто испрати многу погрдни закани кон Република Македонија во поглед на тоа дека Албанците треба да си ги земат работите во свои раце и веќе еднаш да расчистат со овој регион.
-Тоа е исто како да побарате од Македонците во Егејска Македонија или граѓаните во Македонија да си ги земат сите три дела коишто беа од Балканските војни и да кажеме да си ги земеме работите во свои раце, веднаш ќе дојде осуда од надворешниот фактор- вели Јосифовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.