| четврток, 6 декември 2018 |

Келер: Балканот е важен за Европската унија

келер

Балканот е важен дел од Европа и со тоа е и важен за Европската Унија, па затоа ги поддржуваме напорите на балканските земји за приклучување кон ЕУ и се грижиме за судбината на овие држави, изјави копретседателката на групата на Зелените во Европскиот парламент, германската европратеничка, Ска Келер.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, коментирајќи ги резултатите од минатонеделниот Самит на ЕУ во Брисел, на кој една од темите беше и состојбата на Западниот Балкан, Келер изрази загриженост за развојот на ситуацијата во регионот.

– Ние го следиме развојот на ситуацијата на Балканот со голема загриженост, рече германската европратеничка.

Таа нагласи дека постојат работи кои Европарламентот може да ги направи за балканскиот регион, како што е одржувањето на контакти со граѓанското општество, бидејќи, како што рече, тоа „ја гради иднината“.

– Добро е да има лица кои се борат за правата на граѓаните за солидарност, ние треба да им помогнеме на тие луѓе, ќе биде страшно ако тоа што е постигнато биде ставено во прашње поради корупцијата, рече Келер.

Таа нагласи дека е потребно политичарите „да ја сносат и преземат својата одговорност за тоа како нештата еволуираат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top