Најмалку четири лица загинаа при уривање на полициски хеликоптер во северниот дел на Мексико. Хеликоптерот бил во мисија на пронаоѓање на телото еден планинар.
Несреќата се случила кога леталото удрило во далновод со висок напон, а потоа почнало да паѓа и експлодирало.
Во несреќата загинаа пилотот и копилотот и двајца членови на локалната спасувачка екипа.
Владата на сојузничката мексиканска држава Долна Калифорнија соопшти дека полицискиот хеликоптер се урнал во близина на градот Мехикали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.