Саборот на Српската православна црква ја потврди одлуката на Синодот со која епископот зворничко-тузлански Василије Качавенда трајно е разрешен од должноста да ја управува епархијата, но и покрај сексуалниот скандал тој не е расчинет и за тоа нема да се расправа на суд.
Според српските медиуми, Саборот препорачал блудниот владика да се повлече извесен период додека не стивне скандалот.
– Црквата ќе му препорача некое време да биде надвор од земјата. Постои можност да оди во Русија. Потоа има неколку можности. Да оди во манастирот „Папрача“ кај Зворник, манастирот „Свети Василиј“ или манастирот „Озрен“, кои се наоѓаат меѓу Доборј и Тузла. Не му е одземен чинот владика, но веќе нема да може да чиноначалствува – вели извор за српски Курир.
Еден од владиците во СПЦ побарал за случајот на блудниот владика да заседава и црковниот суд, но предлогот го одбил Саборот со образложение дека одлуката не е во нивна надлежност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


