Владата на Република Македонија преку Службата за општи и заеднички работи објави јавен повик за избор на идејно архитектонско решение за изградба на нов студентски дом во Скопје, кој ќе биде лоциран спроти средното училиште „Орце Николов“.
Објектот ќе биде со површина од околу 10 илјади квадратни метри. Ќе ги има сите неопходни содржини за сместување, престој и едукација на околу 450 студенти.
Прибирањето на понудите, односно предлог идејните решенија трае до 15 мај, по што, ќе следи евалуација и избор, а потоа и објава на јавен повик за избор на компанија изведувач на градежните активности.
Ова е потврда дека унапредувањето на студентскиот стандард, особено во делот на сместувањето и престојот во студентските домови е еден од нашите врвни приоритети, но и потврда дека стоиме на дадениот збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.