Во првите два месеци од годинава, осум брачни парови од Дeлчево, судски ставиле крај на брачната заедница, додека во последниве три години, според информацијата од Основниот суд во Делчево, официјално се раскинати 120 бракови.Во перидот од 2014 година до денеска, само во еден случај е спасен бракот, односно тужбата е повлечена. Најчесто развод побаруваат мажите и тоа во 67 случаи, а жените поднеле тужба во 61 случај и најчесто се разведуваат млади брачни парови на возраст од 30 години.
Зад оваа статистика се кријат нарушени меѓучовечки односи во брачната заедница, напуштање на брачната заедница повеќе од една година, но и спогодбено ставање крај на брачната заедница. Последниве години на разводот влијаат и социјалните мрежи, работењето во смени и љубомората, но и економската зависност и влијанието од родителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст