| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е жената на најсексапилниот политичар во светот!

софи
Некогашната презентерка на канадската телевизија CTV Television Network, Софи Грегоар Трудо, денес е позната како сопругата на најсексапилниот политичар, канадскиот премиер Џастин Трудо. И додека тој е омилен каде и да се појави поради шармот, непосредноста, неговата борба за бегалците, жените и ЛГБТ популацијата, нејзе не ѝ се простуваат многу работи. Дали е тоа поради успехот или прекрасниот маж, на Софи не ѝ е многу грижа за тоа.

Иако речиси целиот живот го познавала семејството на својот избраник (се дружела со братот на Трудо сè до неговата 23-та година кога загинал), судбоносната средба се случила во 2003 година. Таа го водела добротворниот бал „Мерцедес – Бенц гранд при“.

-Се смеевме, се шегувавме и си реков себеси дека тој е некој кого треба да го сфатам сериозно- рекла Софи (41).
Утредента му напишала мејл на кој тој никогаш не одговорил. Но, прстот на судбината повторно ги споил тоа лето. Џастин не губел време и го закажале првиот состанок.

софи2

-Знаев дека таа е вистинската. Толку беше убава, но и грижлива, одговорна, свесна и мила личност. Таа вечер ни беше супер и не се воздржував. Ја прашав каде се криела 32 години, бидејќи целиот живот ја чекав само неа- романтично изјавил емотивниот Трудо, кој за себе често вели дека е феминист и не се срами отворено да покаже дека е на страната на жените.

Венчавката се случила во 2005 година, а се разбира, изгледала како да е од бајка. Парот добил три деца – Ела Грејс, Хадрин и Хавиер.

софи3

Она што ја прави Софи вистинска среќничка е фактот што живее во хармоничен брак – и двајцата се залагаат за правата на жените, тој за себе дури вели дека е „феминист“, а таа е амбасадор на проектот “I am a girl”. Освен тоа, се залага и за зачувување на водите за пиење ширум светот, има сертификат за инструктор по јога, а бесконечно ужива и во разни спортови.

софи4

Од сите активности, најрадо ги избира оние поврзани со своето семејство.

-Децата најчесто ми предизвикуваат насмевка и сè што правам е за да создадам подобар свет за нив и за сите деца кои ќе останат на оваа планета- рекла Софи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top