| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија

epa03860623 Members of the European Parliament vote during a plenary session at the European Parliament in Strasbourg, France, 10 September 2013. The European Parliament calls for better protection for users of online gambling.  EPA/PATRICK SEEGER

Европскиот парламент нема да гласа неделава за резолуцијата за Република Македонија во однос на прогрес-извештајот на Европската комисија за 2016 година, јави дописникот на МИА од Стразбур.

 Како што прва објави МИА минатата недела, иако неделава на пленарна седница во Стразбур требаше да се гласа за резолуцијата за македонската држава, европратениците одлучија да го одложат гласањето најмалку за идниот месец, поради продолжената политичка криза во земјата.
            
Ако претходно извори од Европарламентот брифираа дека статус-кво состојбата во Македонија ги принудува да го одложат гласњето за резолуцијата што претходно ја изгласа Комитетот за надворешни работи на ЕП, денеска и официјално стана јасно дека Македонија ќе почека на својот извештај од европскиот законодавен дом. Имено, во најавата за темите за кои европратениците ќе гласаат на „пленарката“ што неделава ја имаат во францускиот град, се најде само резолуцијата за Црна Гора, додека Македонија, Србија и останатите земји-кандидати ќе почекаат на мислењето од Европскио парламент.
Инаку, во претходно усвоената Резолуција во т.н. АФЕТ-група на Европарламентот, Македонија доби осма последователна препорака за отворање на преговорите за члеснтво во Европската унија, но условена со целосно исполнување на договорот од Пржино и на итните реформски приоритети на Европската комисија. За да биде полноважечка, резолуцијата мора да биде изгласана и од страна на сите 751 пратеници во Европскиот парламент. Резолуцијата нема правно дејство, туку само советодавно им служи на ЕУ-институциите и на земјите-членки на Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top