Во неделата во Станица 26 Вера Калин преку јавно читање ја презентираше својата книга „Бездомникот со златен часовник“ на познатиот „Twelve moons of jazz“ настан. Младата авторка за „Ден на читателот“ во Националната и универзитетска библиотека „св. Климент Охридски“ ја доби наградата „Најчитан автор за 2016 година“ за ова нејзино дело.
Оваа книга на Калин е приказна за еден бездомник, чиј живот застанал во минатото, онаму каде заедно со стрелките на неговиот часовник, запрел и животот на неговиот татко, би сторил сè за да избега од бедата. Деновиве тој златен часовник одбројува кон последната книга и сите читатели кои сè уште немаат допрено до зборовите и чувствата кои овој роман ги носи можат на Булеварот на книгите во Клуб Матица да ја збогатат својата колекција со ексклузивна книга потпишана од Вера Калин.
Нејзини дела се „Бездомникот со златен часовник“ и „Ловци на светулки“.
Младата авторка ги доловува секојдневните чувства и желби на читателите истражувајќи ги општествените вредности и потреби преку зборовите напишани во нејзините дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.