Шпанскиот гигант Барселона е најновиот европски клуб кој појавува интерес за напаѓачот на Торино и италијански репрезентативец Андреа Белоти. По Баерн Минхен, Челси, Манчестер сити и Интер, сега и Барселона влегува во трката за негов потпис. Торино и понатаму не размислува за негова продажба под 80 милиони евра, но каталонскиот гигант доколку навистина сака да го доведе на „Камп nоу“, тогаш и таа сума не би била преголема пречка.
Раководството на Барселона размислува да ангажира нов квалитетен напаѓач откако Пако Алкасер воопшто не ги оправда очекувањата и, најверојатно, ќе мора да си замине. Иако на „Камп nоу“ владее триото Меси – Суарез – Нејмар, челниците на каталонскиот гигант сакаат да ангажираат уште еден елитен голгетер. Изборот е Белоти, но ќе треба да излезат и како победници во трката со останатите големи европски клубови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Фатална грешка: Мислеше дека трката заврши,па славеше медал, a не го истрча последениот круг
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)