| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Да се свртиме кон иднината, а не да се занимаваме со платформи кои не влечат назад

poposki-n-768x432

Никола Попоски, Вицепремиер во Владата на Р.Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска гостуваше во вестите на ТВ Сител при што говореше за политичката криза во државата дополнително продлабочена со платформата од Тирана, но и економските предизвици кон кои треба да се свртиме.

Според него, ние треба конечно да расчистиме со една перспектива. Дали ќе се свртиме кон иднината и ќе гледаме со што се занимава светот денес и со платформа за која се разговара во светот денес, а тоа е економска платформа и економски напредок. Додека денес се занимаваме со платформи кои не влечат назад во минатиот век и не носат ништо кон оваа платформа за која што се договоривме и која е обединителен фактор во државата.

– Заев носи најголема одговорност со тоа што со нетранспарентниот пристап ја подгрева атмосферата и креира една клима на недоверба. Јас мислам дека доколку има некој чекор што би можело да се превземе е да упатиме јасна и недвосмислена порака дека приоритетите не се сменети и дека во однос на тие приоритети се она што го правиме е поврзано со членството во ЕУ, заклучува Попоски.

– Во многу елементи потсеќа на еден традиционален балкански пристап, доколку немате капацитет и имате премногу предизвици на домашен терен да се обидете да ја префрлите топката кај соседите или некакво прекугранично лидерство да покажете. Мислам дека тоа е типично и за господинот Рама во оваа ситуација, изјави Попоски.

– Загриженоста е споделена не само помеѓу балканските земји, туку и пошироко бидејки ова се типични пристапи за 90-те години во кои се подгреваше на некој начин нетрпеливост, дополни Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top