Само половина од луѓето кои ќе паднат од трети кат преживуваат, од пад од 10 кат скоро и да не преживуваат, а пред девет години Алсидас Морено кој чисти прозорци паднал од 47 кат и преживеал, објави „Би-би-си“.
– Сакав прозорците да бидат целосно чисти. Сакав сапун и вода. Го сакав она чувство кога ќе го стиснете сунѓерот – раскажува тој.
Неговиот живот драматично се сменил на 7 декември 2008 година кога со брат му Едгар тргнал да чисти прозорци на зграда на Менхетен.
Работеле со пет метри високо скеле, но каблите попуштиле.
– Кабелот од лева страна се одвои, тој го држеше брат ми и тој падна на земјата – вели Морено.
Брат му паднал од 144 метри, се движел со брзина од 200 км на час и кога удрил долу, починал на лице место. Неговото тело било поделено на два дела. Паднал и Алсидас, но се задржал на искривен лим од каде што пожарникарите го спасиле. Тој се здобил со низа повреди, имал повеќе операции, а му биле додадени и 10 литри крв. Тоа што преживеал лекарите го нарекуваат медицинско чудо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст