| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во скопско училиште, еден ученик повреден со нож

Петнаесетгодишен ученик е повреден со нож во пределот на вратот по тепачка во неговото училиште.

Инцидентот се случил вчера наутро околу 9 часот во Основно училиште „Петар Здравковски – Пенко“ во Скопје, кога настанала тепачка помеѓу двајца ученици на 15-годишна возраст.

Во тепачката еден од учениците бил повреден со нож во пределот на вратот. На истиот му била укажана лекарска помош во Клинички центар Скопје, каде му била констатирана телесна повреда,  по што бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top