| четврток, 6 декември 2018 |

Петте најстари земји на светот – првата сосема ќе ве изненади

Некои имиња на оваа листа можеби ќе ве изненадат, додека некои воопшто нема да претставуваат изненадување. „Нешнл географик“ го открива петте држави кои се сметаат за најстари на светот…

Сан Маринo

Географски, трета по ред најмала држава во Европа, според легендата основана во 301 година, кога клисарот и христијанскиот светец Свети Марин во 297 година емигрирал од далматинскиот остров Раб. Тој бегајќи од прогонот на римските цареви на врвот на планината направил манастир и капела во која се собирале христијани и луѓе кои ги делеле неговите верувања.

Папата ја признал сувереноста и независноста на Сан Марино во 1631 година, а француската држава дури под власта на Наполеон била прва земја која официјално ја признала независноста на Сан Марино. Останатите европски земји тоа го направиле во 1797 година на Виенскиот конгрес.

Народна Република Кина

Позната уште и како најбројна држава на светот, Кина е една од најстарите цивилизации на човештвото. 221 година п.н.е. често се зема за година на нејзиното основање, бидејќи таа тогаш била обединета во големо царство, а првиот кинески цар Чин Ши Хуанг прв ја обединил. По кинеската граѓанска војна завршена во 1946 година, комунистичката партија ја презела власта над главниот дел на Кина. Кинеската народна партија Куоминтангот се повлекува на Тајван кој не бил под власта на комунистите и Мао Це Тунг на 1 октомври во 1949 година ја прогласува Народна Република Кина.

Јапонија

За основач на островското царство на Далечниот исток се зема царот Џинму од 7 век пред новата ера. Сепак, западните историчари и современите јапонски историчари веруваат дека приказната за царот Џинму е легенда, иако голем дел од јапонската културна историја се темели на вистинитоста на таа приказна. Археолошките истражувања покажуваат дека луѓе во Јапонија живееле дури и во периодот на горниот палеолит.

Египет

Речиси истовремено со појавата на палеолитскиот човек во Европа, човечки траги се појавуваат и на утоката на Нил. Најстарите наоѓалишта на неолитски човек од Египер најдени се во Фајума и датираат од 4400 до 4200 година п.н.е. Археолозите нашле камени клинови и керамички чинии во фрагменти кои за разлика од други наоѓалишта од тоа време во Европа не се наоѓале на местото на нивниот настанок, туку биле донесени од Нил. Дури во неолитот, кога луѓето стануваат овчари и земјоделци, настанува и почнува историјата на Стариот Египет.

Фараонот Менес ја основал државата Египет и почнал династија на фараони која владеела со земјата над 3000 години. Големата пирамида и Сфингите останале како тестамент на историјата на древниот Египет.

Иран

На подрачјето на Иран, поточно во Белуџистан, најдени се остатоци на човечко делување уште од времето на долниот палеолит, од кои најстарите датираат и до 80.000 години. Иран е т.н. родно место на Персиското царство кое почнало со обединување на древните ирански народи – Меѓаните или Медијаците. Со археолошки истражувања најдени се докази дека Иран има многу стара цивилизациска историја и дека на таа територија биле основани градови дури пред 5.000 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top