Текстилно трговско здружение – Текстилен кластер од Штип и Здружението „Гранкова организација за текстил и облека” од Ќустендил денеска ќе ја одржат првата работна средба во рамки на проектот „Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ“ по програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Во рамки на настанот, што ќе се одржи во Штип, за членките на текстилните кластери од двете земји, денеска и утре се организира и работилница на тема „Креирање визија за регионот”. Предавачи на обуката ќе бидат експерти од компанијата УМФ Тренинг.
– Целта на работилницата е креирање регионална визија за компаниите од индустријата и составување регионален одбор за развој на регионот, преку идентификување на мислењата на претставниците на текстилните компании од Македонија и Бугарија за моменталната состојба во секторот во пограничниот регион, дефинирање на проблемите со кои се соочуваат и како се гледаат во иднина, односно како го замислуваат регионот, што сакаат да постигнат и како пограничниот регион сакаат да биде виден и препознаен од страна на локалната популација, бизнис секторот и националните и интернационалните партнери, наведуваат организаторите.
На работилницата ќе треба да се дефинираат и „Регионални точки на различност”, за да се укаже на спецификите на регионот со кои тој се разликува од останатите и како ќе се презентира на пазарите.
На вториот ден од настанот ќе се одржи работна сесија на која ќе се сумираат заклучоците од работилницата, и експертите заедно со текстилните компании од Македонија ќе ги финализираат предлозите за креирање на Регионалната визија на регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст