Кого да заштити ЕУ – СЈО или медиумите?, е клучното прашање кое во својот став го начна новинарот и дописник на МИА, Бобан Нонковиќ зборувајќи за упадот на СЈО во неколку медиуми, како и одредувањето мерка притвор за сопственикот на ТВ НОВА Сеад Кочан.
-Од една страна Европската Унија силно ја поддржува работата на СЈО – ЕУ е креатор на СЈО, согласно преговорите за Пржино 1, 2 и 3. Истата ЕУ од друга страна силно се бори за слободата на медиумите, особено во Македонија, со оглед на тоа што бевме третирани негативно во годишните извештаи на Унијата. Сега ЕУ од една страна го има СЈО со чие што делување јавноста е запознаена и по многуте примери надвор од правните рамки, но од друга страна се очекува медиумот да биде заштитен и ЕУ да застане зад тоа. Во секој случај, имаме состојба каде медиумот мора да биде заштитен од страна на меѓународните фактори, истакна Нонковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.