Пораки за зачувување на сувереноста и унитарноста на државата вечерва повторно беа упатени од протестниот марш за поддршка на иницијативата „За заедничка Макеоднија“ од Крива Паланка.
Учесниците порачаа и дека “никој нема да може да има македонски пасош доколку не го знае македонскиот јазик“, тоа е, велат, нивната платформа.
– Низ Македонија минале многу војски низ вековите, но Македонија родила и многу синови, а на македонски се зборува од Солун до Валдивосток. Светите Кирил и Методиј го опсименија светот и дадоа светлина во очите. Божји чеда разделени, до вчера на еден јазик говоревте, еден јазик ви беше и светло и видело Давидово. Еден сте род, едно име, еден народ, македонски, а гледајте до каде ја дотеравме сега работата со делбите и поделбите, со омразата посеана меѓу нас. Затоа ли не описменија светите браќа, за да се изедеме меѓу себе, рече во својот говор пред паланчани актерот Страшко Милошевски од граѓанската иницијатива „За заедничак Македонија“.
Граѓаните на Македонија и сиот народ, додаде тој, не смее да дозволи друг да владее со нив и порача „не“ за двојазичност, „не“ за федерализација.
– Собрани сме овде како граѓани на Македонија да го кажеме своето мислење дека 25 години, а особено последните две години сме уплашени за иднината на своите деца. Ова се мирни достоинствени протести, а храброста во оваа земја не смее да биде забранет збор за македонските патриоти, порача Милошевски.
Ова беше петти мирен протест на граѓаните на Крива Паланка кои ја поддржаа иницијативата за заедничка Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крива Паланка: Се тепале во кафуле, побегнале од полициска станица и на крај прегазиле полицаец
-
Груевски: Се стремиме и понатаму да им служиме на граѓаните
-
Алексовски: Во Крива Паланка ќе воведеме гасификација и ќе изградиме населби за млади брачни парови
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Крива Паланка (живо)