Донесов одлука да го откажам Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа како и Форумот на Дијалогот на цивилизациите, кои требаше да се одржат викендов во Охрид и во Струга. Државниот интерес и достоинството на Македонија ме обврзаа да ја донесам оваа одлука. Сакам да знаете дека Република Македонија, постапи целосно во согласност со основачките документи и правила и постапуваше како одговорен претседавач со Процесот – посочи претседателот Ѓорге Иванов.
Тој вели, старите балкански предрасуди и комплекси повторно заживеаја во пресрет на Самитот.
-Нема да дозволам преку грбот на Македонија да се прекршуваат старите балкански предрасуди, и да се поткусуруваат интересите на балканските држави, а цената да ја плаќа Македонија. Предизвиците се решаваат со дијалог, а не со бојкот. Се подготвувавме цела година за овој самит. Сакавме и направивме се за да ги донесеме сите лидери од регионот на иста маса.
Поставивме тема која е високо и на глобалната агенда, од која интерес ќе имаа нашите граѓани, нашите општества. Македонија не сака да биде набљудувач, уште помалку учесник во игрите со вета. Македонија не сака да биде набљудувач, уште помалку учесник во игрите со бојкоти – додаде Иванов.
Тој му посакува успех на следниот претседавач со Процесот и исрази надеж дека час поскоро ќе има еден поинаков Балкан, поевропски Балкан.
-Секако потребно ни е партнерството на Европската унија. И за Унијата, ова е еден јасен сигнал кој ја отсликува реалноста во нашиот Регион. Таа реалност очекувам да е мотив и предупредување за европските лидери правилно да ја разберат нашата регионална реалност. Оваа одлука ја донесов и за да не се манипулираат граѓаните на Република Македонија, како и граѓаните на сите држави од регионот. Конечно дојде денот кога некој треба отворено да признае дека регионалната соработка е исправена пред сериозен, крупен предизвик. Македонија покажала и докажала дека е иницијатор и партнер во регионалната соработка, дека се залага за вклученост на сите држави во регионот, но повеќе од јасно е дека самиот регион има сериозни предизвици. Им благодарам на ангажманот на сите кои беа вклучени во организацијата на Самитот. Им благодарам на сите поканети учесници, кои безусловно ја прифатија поканата. Државниот интерес на Република Македонија и достоинството на нејзините граѓани немаат цена – заклучи претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани