Граѓани поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ попладнево по втор пат одржаа мирен протест. Со црвено-жолтата симболика и со транспарент „За заедничка Македонија“. Граѓаните маршираа низ улиците на центарот на градот, а на градскиот плоштад, Дарко Манасиевски, жител на М. Каменица, го прочита “Македонскиот проглас и црвените линии за Македонија”.
Во Прогласот , меѓу другото се вели, дека сите граѓани на Република Македонија треба да зборуваат и учат само на македонски јазик, сите малцинства да ги вејат само државните македонски симболи.
-Референдум за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, неприфаќање двојазичност, зачувување на унитарноста и територијалниот интегритет на државата, прекинување на преговорите со република Грција за името, заштита на правата на Македонците во соседните држави, да се врати старото знаеме со 16 краци и попис на населението. Ова се македонските радикални црвени линии, рече Манасиевски.
Протести се одржаа и во Делчево и во Берово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст