| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: На Иванов му порачуваме да не подлегнува на притисоци и манипулации

Богдан Илиевски, член на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред канцеларијата на претседателот на државата Ѓорге Иванов се обрати на учесниците во протестниот марш кој се одржува 12-ти ден по ред со цел зачувување на унитарноста на државата.

– Македонци тука сме повторно да го поздравиме претседателот на Република Македонија и да му порачаме да не подлегнува на притисоците и да не подлегнува на манипулациите, како и на обидите на овој народ да се потцени. Ѓорге Иванов ќе продолжи да ги брани националните интереси на оваа земја бидејќи така и се заколна на денот кога стана наш претседател и нема да дозволи туѓи платформи да влезат во нашата земја – рече Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top