| четврток, 6 декември 2018 |

Смели и впечатливи бои за девојките оваа пролет

За сите девојки кои шминката ја гледаат како начин да се изразат, да ја истакнат својата личност, да бидат забележани и креативни, компанијата Авон креираше нова линија „Марк“ која е составена од смели и впечатливи мејкап производи. Промоцијата на новата линија ги израдува вистинските љубители на декоративна козметика кои знаат дека шминкањето е уметност.
Avon Mark
Со воа им се дава на трендсетерките дополнителна мотивација да го покажат својот талент за експериментирање и да си играат со техники, бои и текстури како вистински уметници. Благодарение на широкиот спектар високо пигментирани производи за очи, усни, лице и нокти со силни нијанси, девојките имаат неограничени можности да создаваат ремек – дела кои ќе им помогнат да остават впечаток во секоја ситуација.
Avon Mark 2
Најдобар пример за моќен производ инспириран од уметноста е маскарата која овозможува целосна контрола над волуменот на трепките. Поради посебно дизајнираниот апликатор, четкичката може да се намести на три различни густини – за истакнати, поистакнати и најистакнати трепки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top