| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ја освојува Африка

Турската размена со Африка во 2015 година да достигне 50 милијарди долари, посака Ердоган од африканската турнеја.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се наоѓа на африканската турнеја. При посетата на Габон изјави дека Турција вложува големи напори за развојот на Африка и дека очекува до 2015 година трговската размената на Турција со африканските земји да достигне 50 милијарди долари.

Трговската размена меѓу Турција и африканските земји во 2003 година беше пет милијарди долари, а лани изнесуваше 17 милијарди долари. Минатите три години Анкара отвори 19 нови дипломатски претставништва, со што сега на африканскиот континент има 31 претставништво.

По Габон, Ердоган до 11 јануари планирано е да ги посети Нигер и Сенгал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top