| четврток, 6 декември 2018 |

Дурловски: Го штитиме тоа што нашите предци ни го оставиле!

Бев фрапиран од моментот кога прочитав за тиранската платформа во која што се вели дека треба да потпишеме геноцид, посочи во емисијата Јади Бурек на Телевизијата Сител 3 еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски.

-Се работи за дали да не биде или не, потенцира Дурловски.

Подвлече дека протестите се мирни иако неколку пати се обидоа да ги направат пијаници и фашисти.

-Јас не гледам ништо фашистичко, ние го штитиме тоа што нашите предци ни го оставиле, истакна Дурловски.

Тој вели дека ова покажува колку еден обичен граѓанин може, односно се труди да промени нешто.

Дурловски апелира до сите граѓани на Македонија да им се придружат во протестите, бидејќи како што вели, ако седев дома и не бев на улица, јас ќе се чувствував огорчено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top