| четврток, 6 декември 2018 |

Пиар трик или вистина: Ева Мендез откри зошто не се појавува со сопругот во јавност

На многумина им беше чудно зошто Ева Мендез не се појави на доделувањето на Оскарите како поддршка на својот сопруг Рајан Гослинг.

Инаку, ова е само една од многуте ситуации во кои парот се појавил еден без друг, а вистинска реткост е да ги видите заедно. Ева објаснила зошто.
­
Многумина не го знаат ова за мене, но јас обожувам да бидам дома. Наместо да се шетам по црвениот тепих, повеќе сакам да бидам со своите девојчиња, рекла глумицата за магазинот Шејп.

Парот инаку има две ќерки а порано изјавуваа дека избегнуваат заеднички појавувања во јовноста. Наместо со Ева на овогодинешното доделување на Оскарите Рајан се прошета со својата сестра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top