Косовскиот парламент усвои резолуција во која се бара суспензија на дијалогот со Белград се додека поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и косовски политичар Рамуш Харадинај не биде пуштен на слобода, пренесуваат српските медиуми.
Поранешниот командант на ОВК се наоѓа во притвор во францускиот град Колмар поради потерницата што по него ја распиша Србија, а според која се товари за воени злосторства над Србите на Косово.
Резолуцијата ја предложиле пратениците на Алијансата за иднина на Косово, чиј претседател е Харадинај, а доби поддршка од страна на сите пратенички групи во Парламентот, освен пратеничката група на партијата Српска листа, која не учествува во работата на законодавното тело.
Во резолуцијата се повикува на суспензија на дијалогот со Србија се додека Харадинај не биде ослободен. Парламентот во овој документ, испратен и до Европската унија, исто така бара „да се укинат сите потерници распишани од Интерпол по политичарите од Косово, на барање на агресорската држава Србија“.
Харадинај беше уапсен во Франција на 4 јануари, а одлуката за тоа дали ќе биде испорачан на Србија или пуштен на слобода ќе биде донесена на 6 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


