Денес излезе новиот податок од Државниот завод за статистика со кој се потврдува дека имаме пад на невработеноста во четвртиот квартал на 23.1% од претходните 23.4%, што е пад за 0.3%, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на својот Фејсбук профил.
– Ова е значителен податок бидејќи падот на невработеноста се случува во исклучително сложени економски и политички услови кои се предизвикани од политичката криза која што беше наметната на нашата држава. Овој пад ќе беше уште поголем доколку завршеше оваа политичка криза. Инаку, имаме пад од над 14% на невработеноста, од 38% во 2005-та, на досега рекордни 23.1%, или тоа се над 170 илјади нови работни места кои се отворени во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста да управува со државата.
– Затоа е потребен крај на политичката криза, а единствено тоа е можно преку нови парламентарни избори каде граѓаните ќе може да го кажат својот глас и да гласаат за програма која е понудена и позната на граѓаните, по што ќе биде формиранa стабилна влада за сите граѓани. На Македонија и е потребна стабилност. Нашата цел е стабилна, унитарна и просперитетна држава, која чекори кон остварување на своите стратешки цели, држава на среќни граѓани, додаде Груевски.
Стапката на невработеност во четвртиот квартал од 2016 година изнесува 23,1 процент, а бројот на невработени во тој квартал изнесува 219.148 лица, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци стапката на невработеност во овој квартал во однос на претходниот месец е намалена за 0,3 проценти.
Од вкупниот број невработени 60,3 проценти се мажи, а 39,7 проценти се жени. Според возраста најмногу невработени има од 15 до 24 години 47,3 отсто, од 25 до 49 години 22,3 проценти и од 50 до 64 години има 16,9 отсто невработени. Меѓу невработени 105.180 се со средно образование четврт степен, 19.868 со средно образование трет степен и со високо 44.509 лица.
Активното население во Македонија брои 950.255 лица од кои вработени се 731.107 лица. Најмногу од вработените се во преработувачката индустрија 137.351, земјоделството, шумарството и рибарството 121.068 и трговијата 109.065 лица.
Највисоката невработеност од 38 отсто била во 2005 година
Податоците покажуваат дека ова е историски најниска стапка на невработеност во земјава. Според статистиката на Народната банка, по осамостојувањето на земјава невработеноста била најниска во 1993 година и изнесувала 27,7. Потоа драстично расте, па во 1994 изнесува 30 отсто, за 1997 година достигна 37 отсто. Рекордно највисока стапката на невработеност во земјава, според податоците, е измерена во 2005 година кога изнесувала 38 отсто.
Земјава потоа ниту една година немала пониска стапка од 30 отсто с` до 2013 кога е измерена стапка од 29 отсто, по што почнува подрастично да оди надолу с` до сегашните 23,4 отсто во третиот квартал годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии