| четврток, 6 декември 2018 |

Совети за родителите: Бањата со момчиња во домот никогаш нема да мириса чисто

Родителите „со стаж“ ги пренесуваат тешко стекнатите мудрости на оние кои се уште не знаат што се ги чека.
1. На суперлепаците не им е место во домовите со мали деца.

2. Ниту на фломастерите.

3. Не користете „гугл“ за дијагностицирање на болестите. Никогаш!

4. Приказната за најтешките први две години е глупост. Тој феномен трае најмалку до четвртата година. Или засекогаш.

5. Никогаш не можете да имате премногу биксвити.

6. Немојте да купувате кревети на кат, освен ако немате друг избор.

7. Играчките од продавниците „се по 99 денари“ чинат многу повеќе кога кон цената ќе се додаде фрустрацијата, душевната болка и жалењето.

8. Немојте да чувате резерви на батерии во домот, инаку постојано ќе бидете принудени да ги слушате неверојатно гласните и неподносливи играчки.

9. Купете големи пакувања на волшебни сунѓерчиња за чистење.

10. Погледнете во рерната пред да ја вклучите.

11. Нема смисла да се местат креветите.

12. Носете влажни марамчиња уште долго откако детето ќе го одвикнете од пелени.

13. Секогаш проверете ги џебовите пред перењето на облеката.

14. Снимајте повеќе видеа.

15. Секојдневното капење е преценето.

16. Секогаш имајте некој денар кај вас за паднатите заби или за подмитување.

17. Во автомобилот секогаш имајте нешто за јадење за итни случаи.

18. Чувајте ја скапата козметика вон дофат на децата.

19. Прегледите кај лекар со четиригодишниците се брутални.

20. Секогаш погледнете пред да седнете на ВЦ школката.

21. Интернирајте ги децата да ги раскренат сите лего коцки пред спиење, бидејќи нема ништо полошо кога среде ноќ ќе станете и згазнете на една од нив.

22. Чувајте го изразот „не“ за ситуации, кои се навистина важни.

23. Секогаш ставете повеќе креми за сончање.

24. Бидете внимателни кога ќе забележите залутано грозјенце на подот. Веројатно не е грозје.

25. Никогаш не ја плаќајте целата цена за детската облека, секогаш купувајте на распродажба. Најскапите парчиња неизбежно први се уништуваат.

26. Никогаш не им верувајте кога ви велат дека им се оди по мала нужда пред излегување од дома.

27. Заклучувајте ги вратите на спалната соба и бањата.

28. Никогаш не отворајте шише со газиран сок, кое ви го дало детето.

29. Колку и да сте вознемирени, запаметете – косата повторно ќе порасне.

30. Но на куклите нема да им порасне – затоа скријте ги ножичките.

31. Никогаш не купувајте два пара челви одеднаш. Штом тоа ќе го сторите ногата „преку ноќ“ ќе порасне.

32. Без оглед на тоа колку и да ви ветувале, никогаш нема да го шетаат кучето.

33. Ниту едно дете нема да отиде на факултет со цуцла лижалка.

34. Резервите со лижавчиња чувајте ги добро скриени.

35. Не им дозволувајте со пластелин да си играат по тепихот. Или во затворен простор.

36. Телевизијата нема да го претвори нивниот мозок во каша.

37. Бањата со момчиња во домот никогаш нема да мириса чисто.

38. Ништо нема да биде лесно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top