| четврток, 6 декември 2018 |

Верати: Откако ќе примиш шест гола не можеш да се жалиш на судијата

verati

ПСЖ во неверојатен натпревар капитулираше пред Барселона и не успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Иако имаше неколку судиски одлуки кои одеа во корист на каталонскиот гигант, Марко Верати истакна дека „светците“ целата вина за елиминацијата мораат да ја бараат во своите редови.

– Пласманот на Барселона во четвртфиналето е сосема заслужен, многу ни ја отежнаа задачата, играа одличен пресинг во првото полувреме. Во вториот дел заигравме подобро, по голот на Кавани добивме и на стабилност. При резултат 3-1 на теренот разговарав со дел од играчите на Барса, делуваше дека се откажани, дека се свесни дека немаат шанса. Што се случи навистина не можам да објаснам, но тоа е фудбалот. Вината треба да ја бараме исклучиво кај нас, не може да се жалиме на судење кога ќе претрпиме пораз од 6-1. Сега ќе ни биде многу тешко, но мораме да најдеме сила да се исправиме, да ги кренеме главите бидејќи пред нас се нови натпревари и предизвици“ – изјави Верати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top