| четврток, 6 декември 2018 |

Средба на министерот Попоски со делегација на ИХРА

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со шефот на делегацијата на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA), амбасадорот Јан Дебоут.

Соговорниците разговараа за активностите што ги спроведува Меѓународната алијанса, како и за активностите што се реализираат во Република Македонија на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот.

Министерот Попоски изрази задоволство од испраќањето на висока делегација на ИХРА за прв пат во Република Македонија, по повод 11-ти Март – Денот на депортација на Евреите од Македонија, во чии рамки ќе се одржат комеморативни настани во Скопје и Битола.

– За време на средбата беа искажани и заложбите од нашата држава и ИХРА во светло на можно станување на полноправна членка на Република Македонија во оваа Алијанса, се наведува во соопштението од МНР.

ИХРА е меѓувладино тело кое служи како платформа каде што претставници на владите на нејзините земји-членки, како и национални и меѓународни експерти разменуваат идеи и искуства во врска со политиките на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот во светот. Во ИХРА членуваат 31 држава, а застапени се и 11 држави со статус на набљудувачи, меѓу кои и Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top