Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва одржа протестен марш на платото пред Домот на културата во Кичево, каде пред присутните во име на иницијативата се обрати Даме Силјаноски.
– Мирните и достоинствени протести ги продолжуваме и вечерва. Ќе продолжиме се додека сите инволвирани страни не се откажат од платформи создадени во туѓи држави. Имаме една заедничка татковина која треба заеднички да ја градиме, но исто така и заеднички да ја браниме. Ние ќе продолжиме се додека не се отстранат сите опасности по иднината на нашата татковина, рече Силјаноски.
Учесниците на протесниот марш потоа продолжија мирно низ улиците на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.