Зоран Заев е исплашен и затоа го крие договорот за реализирање на сеалбанската платформа од Тирана затоа што знае дека таа платформа е спротивна на државните и национални интереси на нашата Република, истакна на денешната прес-конференција Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Јовановски
Зоран Заев и СДСМ знаат дека мнозинството од народот во Македонија ќе се спротивстави на воведување на двојазични банкноти, менување на униформите, менување на химната, грбот и знамето и конечно менување на името на државата. СДСМ е свесен дека на сето ова се спротивставуваат и борците од НОБ, но исто така и повоените власти во Република Македонија кои треба да бидат осудени заради геноцидот врз Албанците кои тие го направиле според нив.
СДСМ исто така знае дека и Македонците и Србите и Ромите и Турците и Власите и сите останати припадници на етничките заедници нема да се помират со редефинирање на Република Македонија од мултиетничка во бинационална држава.
Затоа СДСМ бега од одговори околу прифаќањето на максималистичките барања од Тиранската платформа. Но затоа пак јавноста дознава од други извори какви се отстапки направил Зоран Заев само за да дојде на власт, без при тоа да ја има поддршката на народот добиена на избори.
Зоран Заев е уценет човек, а СДСМ е уценета партија. Криминогеното раководство на СДСМ е во паника дека ќе треба да одговара пред надлежните судови за секој криминал што го сториле и за секој денар кој незаконски го стекнале. Криминогеното раководство на СДСМ е свесно дека ги загуби изборите во декември и дека волјата на народот и пораката беше многу јасна. Граѓаните не сакаат аболицирани криминалци да ја водат државата. Граѓаните му порачаа на Зоран Заев и неговите соработници дека мора да се соочат со правдата.
Тоа е основната причина зошто Зоран Заев сега прифаќа се и сешто. Тоа е основната причина зошто Зоран Заев тргува со највисоките државни и национални интереси. Тој и неговите најблиски соработници мислат дека доколку успеат да формираат влада па макар била и тиранска, ќе бидат амнестирани за криминалот.
Делата за кои постојат основани сомневања дека ги сториле Заев и неговите соработници не застаруваат толку бргу и може да бидат гонети и подоцна, но штетата која што може да ја предизвикаат со антидржавната политика може да биде ненадоместлива за Република Македонија.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ смета дека Зоран Заев и СДСМ мора да го слушнат гласот на народот. Исто така треба да се согласат на предвремени парламентарни избори кои на ист трошок би се одржале со локалните. Зоран Заев и СДСМ на тие избори пред граѓаните треба да ја извадат тиранската платформа и да го почитуваат мислењето на граѓаните околу платформата која што Заев мисли да ја реализира.
Доколку Заев е исплашен дека ќе биде казнет затоа што постизборно ги измами граѓаните, прифаќајќи ја платформата, тогаш останува понудата да ја отфрли јавно и да се огради од сите елементи во неа. Во тој случај ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи да формира влада и сите 51 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за владата на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст