| четврток, 6 декември 2018 |

Упаднале во Зоолошка градина во Париз, со моторна пила му го отсекле рогот на носорогот!

Група ловокрадци упаднале во Зоолошка градина во Париз и убиле четиригодишен носорог. Потоа му го отсекле рогот и побегнале.

Чуварите го пронашле мртвиот носорог, наречен Винс, во африканскиот дел од зоолошката градина западно од Париз. Застрелан бил во глава, а рогот му го отсекле со моторна пила.

Ловокрадците побегнале пред да успеат да го пресечат и вториот рог. Полицијата не знае дали ги спречила опремата која ја носеле или пак биле попречени. Надлежните органи го опишале овој случај како прв од тој вид во Европа.

Директорот на зоолошката градина, Тиери Дуже, изјавил дека нападот е неверојатен, и дека Винс бил една од најпопуларните атракции во зоолошката градина.

– Шокантно е. Таков чин на екстремно насилство се случува прв пат во Европа – изјавил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top