| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватските медиуми тврдат: Од денеска Червар ќе биде наш селектор!

lino cervar

Приказната за евентуалниот премин на македонскиот ракометен селектор, Лино Червар, на клупата на Хрватска сè уште е актуелна кај тамошните медиуми, а утрово „Вечерњи лист“ открива дека денеска ќе има официјализација на оваа сага.

Имено, од медиумот тврдат дека денес ќе има последен разговор во релација Червар – Зоран Гобац, а темата ќе биде селекторското столче на Хрватска.

lino cervar

Според нивните информации медиумот тврди дека Лино ќе биде нов селектор на „каубоите“, но сè уште не се знае под кои услови. Доколку пропаднат овие разговори со Червар, раководството на хрватскиот ракомет ќе премине на план Б, а тој е назначување на странски селектор. Како главни кандидати засега се откриени имињата на Валеро Ривера, Улрих Вилбек и Хуан Карлос Пастор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top