| четврток, 6 декември 2018 |

„Имровокација“ в петок во Народен театар Охрид

В петок (10 март) на репертоарот на Народен Театар Охрид е претставата „Импровокација“. Ова е трета “епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, помогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура.
Новата „Импровокација“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар првпат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика.
Театарската импровизација „Импровокација“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
Картите по претпродажна цена од 150 денари можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ, а истите на денот на претставата (петок) ќе чинат 200 денари.
Бројот на влезници е ограничен, а претставата започнува во 20.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top