Под мотото „Македонија е се што имаме“ и вечерва, трет ден по ред, кривопалнчани излегоа на улиците на градот и ја поддржаа иницијативата „За заедничка Макеоднија“.
Маршот почна од населбата Единство од каде минувајќи низ главната улица низ градот учесниците во протестот упатија порака против двојазичност и кантонизација на државата. Според нив, во Македонија никој не може и не смее да поддржи, ниту пак да спроведува платформа пишувана постизборно во туѓа држава.
Маршот заврши со собир на плоштадот „Карпошово востание“ пред зградата на Општината. Овде оддадоа почит пред споменикот на паднатите борци од Народноослободителната борба, кој беше обвиткан со македонското знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст