Искрено, загрижен сум со случувањата во последно време во нашата Македонија.Чуствувам потреба како Македонец да го споделам своето мислење пред целата македонска јавност. Ги почитувам сите граѓани еднакво во Република Македонија, без разлика на нивната верска, национална и партиска припадност. Драги Македонци, за да бараме почит од други и да ја добиеме прво треба сами себе да се почитуваме – За Македонија се работи! Да ги зачуваме нашиот идентитет и интегритет, да зачуваме нешто што сме наследиле е и наша обврска и наша должност да го пренесеме на нашите идни поколенија, да го зачуваме тоа што е наше и што ни припаѓа… Поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, вака капитенот на македонската ракометна репрезентација Кириј Лазаров преку својот профил на „Фејсбук“ ја поддржа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ повикувајќи го македонскиот народ на единство за да се зачува македонскиот идентитет, интегритет, да се зачува тоа што сме го наследиле, тоа што е наше и што ни припаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст