Сместувањето на мигрантите што доаѓаат на територија на Република Македонија од земја-членка на Европската унија не е можно. Мојот колега од Австрија, Себастијан Курц е погрешно интерпетиран, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, кој престојува во дводневна посета на Брисел.
Реакцијата на Попоски следува по изјавата на Курц дека „половина милион од мигрантите треба да се сместат во балканските земји“.
Според Попоски, како што јави дописникот на МИА од Брисел, сместувањето на бегалците не е опција и единствено за контрола на миграциските текови може да помогне Македонија и во овој дел ќе ги изврши своите обврски, а се друго е прашање на безбеден и хуман третман што ќе го добијат мигрантите кои мигрираат од една земја-членка на Европската унија во друга земја-членка на Унијата.
На прашањето дека во некои земји-членки на Унијата излегоа информации дека тие инсистираат во Република Македонија и во останатите држави на Балканот да се сместат поголем дел, десетици илјади од бегалците, односно во овие земји да се формираат т.н. „жешки точки“ за прием и сместување на бегалци, македонскио шеф на дипломатијата со одговор:
– Тоа не е можно! Македонија беше и ќе биде посветена на спречување на нелегалната миграција и од тој аспект контролата на границите е нашиот приоритет и за тоа соработуваме со повеќе земји-членки на Европската унија. Сместувањето на мигрантите што доаѓаат на територија на Република Македонија од земја-членка на Европската унија нема никаква логика, освен ако тоа не е транзит низ територијата на Република Македонија до други земји-членки на ЕУ. Ова е јасна порака од самиот почеток и ние опстојуваме на тој став дека единствено за контрола на миграциските текови може да помогне Македонија и во овој дел ќе ги извршиме нашите обврски, а се друго е прашање на безбеден и хуман третман што ќе го добијат мигрантите кои мигрираат од една земја-членка на Европската унија во друга земја-членка на Унијата. Сместувањето не е опција, дециден е Попоски.
Министерот за надворешни работи потврдува дека е личен пријател со австрискиот министер Курц и дека за таквата негова наводна изјава разговарал со него и дека тоа веќе го расчистиле.
– Да, разговаравме. Мислам дека се работи за погрешна интерпретација. Од една страна, точно е дека ЕУ се залага за создавање на тие центри за прием на безбедни дестинации, но поблиску до дестинацијата од каде што тие мигранти доаѓаат. Македонија не може да биде во тој опис вметната, бидејќи за да стигнат до Македонија, мигрантите поминуваат неколку земји што се веќе безбедни. Па, така нема никаква логика во Македонија да биде сместен потенцијален бегалец или азилобарател кој претходно поминал безбедни територии, заклучи Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.