„Ќе видиме филмови во кои сексуалниот чин е прикажан прилично директно“-вети директорот Тјери Фремо пред почетокот на Канскиот филмски фестивал. Не само што го исполни ветувањето, туку и филмот со најексплицитни сексуални сцени ја освои „Златната палма“.
Нежната сензуална романса за лезбејска љубов, „Сината е најтопла боја“ (La vie d’Adéle / Adelin život) на француско-тунискиот режисер Абделатиф Кешиш го освои срцето на главното жири со кое претседаваше Стивен Спилберг. Притоа, жирито направи необичен потег што на бината ги повика трите уметници на кои им додели награди: не само на француско-тунискиот режисер, туку и на актерките Адела Ексарчопулос и Леа Сејду.
Во оваа слободна адаптација на еротскиот роман „Синото е најтопла боја“ Адела толкува улога на 15-годишна девојка чиј живот се манува кога ќе се вљуби во нешто постарата студентка Ема, која ја толкува Леа.
-Ова е прекрасна љубовна приказна. Режисерот не наметнувал никакви ограничувања во нарацијата. Пуштил сцените да се одигруваат како во вистинскиот живот, рече Спилберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Јапонецот Хироказу Коре- Еда е годинашниот добитник на „Златната палма“ во Кан