Германската армија заедно со припадници на специјалните полициски сили денеска одржуваат заеднички антитерористички вежби во 6 германски покраини, објави магазинот „Шпигел“.
Во вежбите наречени „Гетекс“, што се одржуваат во покраините Баден-Виртенберг, Баварија, Бремен, Северна Рајна Вестфалија, Сарланд и Шлезвиг Холштајн се вклучени вкупно 360 војници.
Според локалните медиуми, војниците и полицајците увежбуваат операции поврзани со можни сценарија како користење на автоматско оружје во населени места, закани за поставен експлозив, напади од страна на индивидуалци на училишта и трговски центри, експлозии на аеродроми или опасност од користење на камиони за напад на цивили во пешачки зони.
Целта на вежбата е да се подобри комуникацијата и координацијата меѓу полицијата и војската на Германија.
Според германските устав вооружените сили можат да се користат само за заштита од надворешни закани а во земјата можат да се употребат само во исклучителни ситуации на барање на федералната влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.