| четврток, 6 декември 2018 |

Спасете ги децата: Сириски деца се обидуваат да се самоубијат и самите се повредуваат поради војната

Деца кои живеат во Сирија некои на само 12-годишна возраст, самите се повредуваат, земаат наркотици и прават обиди за самоубиство за да ги избегнат ужасите на војната што трае повеќе од шест години, објави Спасете ги децата.

Секое четврто дете или 2,5 милиони се пред психичко растројство, соопшти таа меѓународна хуманитарна организација во најсеопфатен документ за психичкото здравје на децата во Сирија.

Речиси пет милиони Сиријци побегнале од татковината откако почна војната во 2011 година, а на 13,5 милиони им е потребна помош, од кои половината се деца, се наведува во податоци на служба на ОН за координација за хуманитарни прашања.

Кошмари, гнев, самоубиствени мисли и депресија се само дел од симптомите што ги измачуваат сириските деца кои се силно трауматизирани од нападите со огнено оружје, смртта и уништувањата, се вели во извештајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top